По Трајкоски, и Ѓукиќ заминува од Еурофарм Пелистер 2

По голманот Благојче Трајкоски, од Еурофарм Пелистер 2 ќе замине уште еден искусен ракометар.

Станува збор за десното крило Милан Ѓукиќ, кој заминува од Битола по три години, откако две сезони беше дел од првиот тим, а последнава играше за вториот тим.

Трајкоски се реши да ја прифати понудата од Алкалоид и ќе застане на голот на новиот суперлигаш, додека нема информации за новата средина на Ѓукиќ.

Еурофарм Пелистер 2 со ремито во Охрид во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф избори пласман во Лигата на Европа.