По пет месеци пауза, денеска ќе се игра ракомет во Македонија!

По скоро пет месеци пауза, денеска на македонските терени повторно ќе се игра ракометен натпревар.

Тимовите на Еурофарм Пелистер и Металург со почеток од 18:30 часот ќе одиграат пријателски натпревар во спортската сала во Маврово, како предигра за настапот на Струшкиот турнир.

Со оглед на многубројните измени во двете екипи, стратезите Зоран Кастратовиќ и Жељко Бабиќ решија да се игра три пати по 20 минути. Иако подготовките не траат долго, првпат на дело ќе ги видат засилувањата Мандалиниќ, Хорват, Канкараш, Периќ, Мараш, Танкоски…

Кон средината на март, последни се одиграа натпреварите од 17 коло во Суперлигата и потоа започна петмесечната пауза без спорт поради коронавирусот.

Ситуацијата со вирусот не е нормализирана, но спортот полека се враќа на терените со многу мерки на претпазливост.