„По напорна сезона, одам на гробот на моите родители“

Некогашниот тренер на Металург и поранешен селектор на Македонија, Лино Червар, секогаш е во центарот на вниманието. 69-Годишниот стратег од Умаг за хрватските медиуми изјави дека ракометарот со кој најмногу се карал е Ивано Балиќ и го смета за најдобар во историјата, но откри и што прави по крајот на сезоната.

„Во сите клубови во кои работев, секаде ми беше убаво. Јас го сакам ракометот. Одбраната е клучна во нашиот спорт, со неа се добиваат мечеви, а со напад се губат. Со Балиќ имав најмногу кавги и несогласувања, но тој е најдобриот ракометар во историјата. По крајот на секоја напорна сезона, одам на гробовите на моите родители“, изјави Червар.

Хрватска за време на ЕХФ неделата го одигра првиот пријателски натпревар и загуби од Германија во Загреб, а утре двете селекции ќе имаат реванш во Хановер.