По Кузмановски, Вецлар се засили со белоруски ракометар

Екипата на Вецлар по ангажирањето на Филип Кузмановски, реши да се засили со нов ракометар.

Станува збор за младиот ракометар од Белорусија, Никита Плуто, кој во редовите на Вецлар пристигна од третата Бундес лига, поточно од тимот на Аирух.

Станува збор за ракометар кој има 22 години и кој настапува на позицијата кружен напаѓач. Вецлар на оваа позиција ги има на располагање Ерик Шмит и Адам Нифјел.

Од раководството на Вецлар информираа дека договорот на Плуто со клубот е до крајот на натпреварувачката сезона 2022/23.

Во стручниот штаб на Вецлар работи екс репрезентативецот на Македонија, Филип Миркуловски.