По Кометал ЃП и Ѓер, на ред дојде Ростов – Талеска ќе игра за рускиот шампион (ФОТО)

Бразилската репрезентативка Едуарда Аморим Талеска, иако планираше оваа сезона да ја заврши кариерата сепак нема да биде така.

Левиот бек, кој во Европа се афирмираше преку Кометал Ѓорче Петров, по 12 години минати во Ѓер заминува од Унгарија и се сели во рускиот првак Ростов Дон.

Европскиот шампион Ѓер го потврди нејзиното заминување, а македонската снаа се пофали на социјалните мрежи дека следна и веројатно последна станица од кариерата ќе биде Ростов.

Со Ѓер освои десет двојни круни во Унгарија и пет европски титули, додека со Кометал ЃП има освоено четири двојни круни во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eduarda Amorim (@duda18amorim)