„По епидемијата, Лукашенко ќе биде прогласен или за гениј или за лудак“

Додека светот се бори со корнавирусот во Белорусија животот тече нормално. Училиштата, универзитетите, трговските центри, кафулиња работат нормално, а исто така и спортските натпревари се одржуваат и тоа со публика.

Ракометарот на Мешков Брест, Марко Паниќ смета дека откако ќе помине епидемијата претседателот на Белорусија или ќе биде прогласен за гениј или за лудак.

„Претседателот Лукашенко после епидемијата ќе биде прогласен или за гениј или за лудак. Тој смета дека вирусот секако ќе дојде во земјата и не сака да ја жртвува економијата. Како што вели тој, паниката би убила повеќе луѓе од коронавирусот“, рече Паниќ.

Репрезенттивецот на Босна и Херцеговина сепак не може да остане мирен со оглед на ситуацијата во неговата држава. Тој е во Брест со семејството, но сепак е загрижен.

„Помалку нас не мачи тоа што многу строги мерки се воведени кај нас во БиХ. Не знаеме што е паметно да направиме. Одлучивме еден ден да бидеме во карантин, но тоа е невозможно, никој тука не се придржува кон тоа“, објасни Паниќ.

Со оглед на тоа што првенствто во Белорусија тече сосема нормално, Паниќ и Мешков Брест се подготвуваат за одбрана на титулата. Голема предност е што во директен дуел со најголемиот ривал имаат позитивен скор од 4:1 сезонава.