По една сезона во Автокоманда: Реваз Чантурија заминува од Металург

Грузиецот со македонски пасош, Реваз Чантурија, по една сезона мината во Металург ќе си замине од Автокоманда.

Металург го ангажираше Златко Хорват на десно крило, беше продолжена соработката со Мице Шилегов, па Чантурија не доби нов договор.

Тој веќе 16 години е во Македонија. Покрај за Металург играше за Вардар, Пелистер, Струга, Струмица, а веројатно и во новата сезона ќе биде дел од некој суперлигашки клуб.

Металург досега се засили со Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват, ги продолжи договорите со голманот Даниел Дупјачанец, со пикерот Милан Лазаревски, левото крило Милан Поповиќ и со десното крило Мице Шилегов.