По Вардар и Келце, името го смени и Брест! (ФОТО)

По Вардар и Келце, под ново име во новата сезона ќе настапува и белорускиот шампион Мешков Брест.

Целосното име на овој тим беше БГК имени Мешкова во чест на Анатолиј Мешков, но тоа најчесто се користеше во Белорусија, додека низ другите земји сите го користеа името Мешков Брест.

Како што објавија од клубот за да биде унифицирано името, во иднина ќе се користи само Мешков Брест. Белорускиот тим ќе биде еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Европскиот шампион Вардар во новата сезона ќе настапува под името Вардар 1961, иако ретко кој ја користи додавката, ниту медиумите, а ниту навивачите.

Покрај Вардар, ново име има и полскиот шампион Келце, кој досегашното ПГЕ Виве Келце, во иднина ќе се вика ПГЕ Келце, со оглед на тоа што остана без главниот спонзор – компанијата Виве.