Почнува сезоната и за македонските арбитри: Митревски и Тодоровски ќе судат во Лигата на Европа

Во последниот викенд од август ќе стартува новата сезона во европските купови, односно во Лигата на Европа.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу Војводина и Кадетен Шафхаузен во Нови Сад.

Ова е дуел од првото квалификациско коло во второто по ранг европско клупско натпреварување, а ќе се игра на 29 август од 17:30 часот.

Српскиот шампион има големи амбиции во новата сезона, но сигурно нема да му биде лесно против искусниот швајцарски тим.