Почнуваат суперлигашките возбудувања – шест натпревари на 9 септември

За пет дена ќе стартува новата сезона во Суперлигата, во која што ќе партиципираат 12 екипи, а по долго време во регуларниот дел се враќаат и претставниците во СЕХА.

Со оглед на тоа што во среда е 8 септември, Денот на независноста на Македонија, сите натпревари ќе се одиграат в четврток на 9 септември.

Дербито на првото коло ќе се одигра во Автокоманда, каде што Металург ќе го пречека составот на Пролет.

Шампионот Вардар стартува со дуел на кој е голем фаворит против новиот суперлигаш Скопје. Вицепрвакот Еурофарм Пелистер игра братски двобој со Еурофарм Пелистер 2 на кој исто така ја има фаворитската улога.

Возбудувања се очекува да има и на дуелите меѓу Охрид – Тиквеш, Бутел – Прилеп и Радовиш – Струга.