Потоп на фаворитите во Лига на Европа – елиминирани Бенфика, Мелсунген, Екс Ан Прованс…

Тимот на Металург иако загуби во Винковиц со 29-25 во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа, се пласираше во втората рунда, а утре ќе го дознае својот ривал.

Во првото коло беа елиминирани неколку фаворизирани екипи. Португалската Бенфика по трумфот дома со два гола разлика, на реваншот против австрискиот Фиверс, загуби со 38-34, и падна на првата пречка.

Германскиот Мелсуген, кој влезе како замена за Хановер, без Лемке и Хајневетер кои се позитивни на коронавирус, немаше сили за триумф над данскиот Силкеборг и загуби втор пат, сега со 24-26.

Коронавирусот беше пречка што Екс Ан Прованс и Бидасоа играа само еден натпревар, па Шпанците имаа предност на домашен терен и ја искористија. Го победија францускиот тим предводен од Тјери Анти со 30-25.

Во следната рунда патуваат и Холстебро, Кристијанштад, Азоти Пулави, Винтертур, ЦСКА Москва, Ѓенѓеш, Турда, Констанца, Криенс Луцерн, Скјерн и Тримо Требње,