Потврда од Египет: Парондо ќе биде тренер на Мелзунген, но останува и селектор

Поранешниот тренер на Вардар, а во последните две години селектор на Египер, Роберто Парондо дефинитивно се враќа на клупскиот ракомет и тој ќе биде новиот тренер на Мелзунген, како што беше најавено пред неколку дена.

Парондо ќе работи паралелно на почеток, а ова веќе го потврдија и од Ракометната федерација на Египет.

Оттаму информираат дека Парондо ќе почне со работа во тимот на Мелзунген, но ќе продолжи да ја води селекцијата на Египет. Тој ќе ги предводи „фараоните“ барем до јануари во 2022 година во Шампионатот на Африка.

Што ќе се случи после ова натпреварување ќе зависи и од договорот кој ќе биде направен за во иднина. Засега Парондо е на двете столчиња и ќе има тешки месеци во кои ќе треба да се грижи за екипата од Бундес лигата каде постојано има натпревари и за репрезентацијата од Африка.