Последни секунди, нерешено е…Кој ќе одберете да шутира пенал – Лазаров, Хансен, Гомез…? (ФОТО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација имаше интересен пост на социјалните медиуми.

Пред продолжението на дуелите од Лигата на шампионите и репрезентативните двобои во квалификации, тие поставија прашање до љубителите на ракометот.

„32-32, нерешено е, има уште неколку секунди од натпреварот. Кој ќе одберете да шутира удар од седум метри – Лазаров, Хансен, Гомез или некој друг…“, прашаа од ЕХФ.