Португалците му веруваат на селекторот – Переира доби договор до 2025 година!

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, ја продолжи соработката со федерацијата и ќе остане на клупата најмалку до 2025 година.

58-годишниот стратег седна на португалската клупа во 2016 година и оттогаш ја однесе репрезентацијата на три ЕП, две СП и за првпат на ОИ.

„Горд сум што ќе го продолжам овој проект. Ќе продолжиме да работиме како и досега, но и ќе бараме уште повеќе успеси. Ни следува ЕП, на кое ќе се обидеме да оствариме уште една цел – пласман во квалификациите за ОИ 2024 година“, изјави Переира.

Португалија ја очекува настап на ЕП 2024 година во Германија, а потоа и бараж за СП 2025 година, а имаат шанса и за пласман на ОИ 2024 во Франција.

Пред доаѓањето на Переира, машкиот ракомет во Португалија беше на 18 место во Европа, додека на најновиот рејтинг објавен од ЕХФ, оваа земја е на 11 позиција.