Португалецот што беше дел од Еурофарм Пелистер ќе игра во Романија

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Серхио Барош, во новата сезона ќе има нов предизвик.

Португалското лево крило што играше во Битола кога Еурофарм ја имаше додавката Работник, потпиша за тимот на Поли Темишвар и ќе игра во романскиот шампионат.

Барош по заминувањето од Македонија играше во турската Нилуфер Бурса, по што замина во шпанскиот тим Пуенте Хенил.

Левото крило е дел и од португалската репрезентација, со која настапи на последното Европско првенство.