Португалецот Барош што играше во Македонија има нов клуб

Еден од поранешните ракометари на Еурофарм Пелистер, Серхио Барош  кој прикажуваше одлични партии во Битола, во новата сезона ќе настапува во амбициозната екипа на Бузау од Романија.

Веста за неговиот трансфер беше и официјално потврдена од романските медиуми и од новиот клуб Бузау. Барош со романскиот суперлигаш потпиша договор на две сезони.

Ракометарот од Португалија во Еурофарм Пелистер, што тогаш беше под името Еурофарм Работник, настапуваше во сезона 2016/2017, но и покрај неговите одлични настапи во Македонија реши да замине во Бурса Нилуфер од Турција.

Романската лига и новото место нема да претставуваат никаков проблем за десниот бек од Португалија, бидејќи минатата сезона го носеше дресот на Политехника Темишвар. Во својата кариера настапуваше и за португалскиот клуб Спортинг Лисабон, како и за шпанскиот Анхел Хименез.