Порто и Митревски ја продолжуваат трката со Бенфика и Спортинг

Екипата на Порто, во која настапува голманот на македонската репрезентација Никола Митревски, забележа нова победа во шампионатот на Португалија.

Во натпревар од 17. коло, тимот на Порто запиша убедлив триумф против Висиу со 14 гола разлика, 39:25.

Победникот беше решен уште во првото полувреме, кое што заврши во корист за Митревски и колегите од 19:7.

Македонецот на овој дуел имаше шест одбранети удари на домаќинот. Вториот голман во Порто, Себастијан Франдсен запиша пет интервенции.

Порто со новата победа стигна до 45 бода на свое конто и се зацврсти на 3. позиција на табелата.

Актуелниот лидер Спортинг има 49 бода, додека Бенфика, која се наоѓа на второто место, има 48 бода.