Порто и Келце имаа шанси и за победа, но се задоволија со по еден бод

Составите на Порто и Келце одиграа интересен дуел во кој и двете екипи добија по едно полувреме, а на крајот резултатот беше 32:32.

Во последната минута од средбата и двата тима имаа можност да дојдат до победа, но никој не успеа да искористи, па на крајот дојде до поделба на бодовите и двете екипи мораа да се задоволат со по еден поен.

Келце имаше подобро отворање на оваа средба во која влезе со многу поголема мотивација. Имаше повеќе од играта, но не успеваше и да дојде до разлика која гарантира можност за бодови. Митревски беше стартер, но денеска немаше свој ден, па беше заменет од Кинтана.

Порто откако имаше негатива успеа да се врати и да го добие првото полувреме кое беше завршено со 19:17. Потоа во вториот дел долго имаше предност, но гостите успеаја да израмнат во финишот и дури и да нападнат за победа.

Сепак, шутот на Алекс Душебаев заврши со одбрана на Кинтана, па останаа 17 секунди за напад на Порто. Домашните не искористија, па имаа само удар после истекот на времето кој не беше искористен така што Келце замина со бод од Порто.

Кинтана го заврши мечот со 14 интервенции, а најефикасен со седум гола беше Мигел Мартинс Соарез, додека Игор Карачиќ со пет гола беше првиот стрелец во редовите на Келце. Голманот Андреас Волф имаше само пет одбрани.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140