Порано играа за Пелистер, сега се преселија во Олимпијакос

Грчкиот Олимпијакос донесе четири засилувања во пресрет на новата сезона во која сака да му парира на АЕК Атина во битката за титулата.

Тимот предводен од хрватскиот стратег Ненад Кљаиќ, ги ангажираше левиот и средниот бек што играа своевремено во битолски Пелистер, Жарко Чуриќ и Марко Кобетиќ.

Кобетиќ покрај за Пелистер играше и за Охрид, а по заминувањето од Македонија беше член на словенечкиот Марибор, додека Чуриќ играше во Холандија и Италија.

Освен нив двајца, Кљаиќ во Пиреја ги донесе и пикерот Немања Миловановиќ од Железничар и младиот десен бек Јосип Жаја од хрватскиот Медвешчак.