Поранешниот клуб на Јане Цветковски се соочува со неизвесна иднина

Поранешниот клуб на македонскиот голман Јане Цветковски, Егер Естерхажи, се соочува со опасност од банкрот и распаѓање. Цветковски помина една година во клубот, но кризата и намалувањео на буџетот беа причината за разделбата.

Поддршката од локалните власти значително се намали поради коронавирусот, а на тој начин е доведенo во опасност постоењето на клубот.

Егер сезоната ја заврши на 9 позиција и побара 60 милиони унгарски форинти помош од локалните власти, но доби само 13 милиони. Според изјавите на луѓето од клубот оваа одлука би била прифатлива доколку властите немале пари, но останатите клубови ја добиле побараната поддршка речиси во целост.

„Изненадени сме од тоа што се случи. Бевме шокирани и длабоко разочарани бидејќи бевме уверени дека стекнавме поголема почит од носителите на одлуки благодарение на спортските достигнувања и успешните активности за градење заедница во последните години. Станува збор за нашата иднина која е доведена во опасност“, рече извршниот директор на клубот.