Поранешна ракометарка призна: Лезбејка сум, ама сакам и мажи!

Некогашната ракометарка на Наиса, Јагодина, Зајечар, Раднички и Медицинар, како и на турскиот Трабзон и данските Копенхаген и Шлагелсе – Сузана Чубела, во моментов е активна во ријалити шоуто во Србија, Задруга.

Српската репрезентативка, која настапуваше и на ЕП во 2010 година за нашиот северен сосед, јавно призна дека е лезбејка, но дополни дека сака и мажи.

„Цел живот се борам со предрасуди, се навикнав луѓето да ме осудуваат поради тоа што сум лезбејка, но поточно јас сум би. Родителите повеќе не ме прашуваат ниту со кого сум, ниту што правам, иако на почетокот со нив беше непријатно“, изјави Чубела.

Србинката е уште една од ракометарките што јавно ја обелодени склоноста кон истиот пол. Листата е долга – Гро Хамерсенг, Катја Ниберг, Ања Един, Ања Андерсен, Маиса Песоа, Александра Лакрабер, Самира Роча, Луис Санд и уште многу други…