Поранешна ракометарка на Металург гради музичка кариера, објави нова песна (ВИДЕО)

Поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ чекор по чекор влегува во музичките води. Иако активно се занимава со ракомет, членка е на романската екипа Валчеа, сепак слободното време го користи за музичката кариера.

Пред неколку дена ја објави и својата втора песна „Песна што ја сакаш“, а минатата година го објави првиот сингл „Ќе победам“.

Песната доби и спот, а репрезентативката на Србија доби голем број на позитивни реакции од целиот ракометен свет. Дефинитивно, Лишчевиќ знае на што ќе се посвети по завршувањето на ракометната кариера.

Погледнете го спотот за новата песна на Лишчевиќ…