Поранешен тренер на Вардар, нов селектор Зеленортските острови

Стратегот од Србија, кој во минатото имаше и тренерска задача во Вардар, Љубомир Обрадовиќ ја прифати понудата да се најде на позицијата селектор на Зеленортските острови. Тој ќе ја води машката репрезентација на оваа земја, а доаѓа на местото на Хозе Томаш.

Тој беше селектор на оваа селекција на Светското првенство во Египет во јануари, но тогаш репрезентацијата мораше да се повлече поради позитивни случаи со коронавирусот.

Обрадовиќ, кој има 67 години, во моментов работи како тренер на тимот на Аванка од Португалија. Сепак, тоа нема да биде пречка за да се нафати на работа и како селектор.

Се работи за искусен тренер кој зад себе има големи успеси. Беше селектор и на машката и женската селекција на Србија, како и на поголем број на тимови.

Задачата со Зеленортските острови ќе му биде да обезбеди пласман на Светското првенство во 2023 година.