Поранешен македонски шампион се откажа од лигата!

Наместо планираните 20 екипи, во новата сезона на Првата лига ќе играат само 16 екипи поделени во две групи.

По тимот на Работнички, кој поради финансиски причини се откажа од учество, а во текот на вчерашниот ден уште три екипи испратија допис до РФМ дека нема да играат.

Тоа се екипите на некогашниот македонски шампион Борец (1994/95), потоа Риниа и Ѓорче Петров (Ангели Волково), кој требаше да го има дебито во Првата лига.

Сега во групата А остануваат девет екипи, во групата Б ќе играат седум, па има предлог една екипа од групата А да се префрли во групата Б со ждрепка и да останат во двете групи по осум.

Стартот на прволигашката конкуренција е планиран за следниот викенд, па во најбрзо време ќе има ждрепка за нови натпреварувачки броеви и ќе биде познат новиот распоред.