Поранешен македонски селектор ќе ги води младинците на Металург

Поранешниот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров, по многу години се враќа во Металург.

Од следната сезона, Глигоров ќе работи со младинската екипа на тимот од Автокоманда.

Тој беше тренер на многу македонски клубови меѓу кои Скопје, Вардар и Металург, Радовиш, како и некогашниот женски првак Кометал Ѓорче Петров.

Покрај селекторското место во женската репрезентација на Македонија, истата функција ја имаше во Либан и Саудиска Арабија.