Поранешен играч на Металург ја заврши кариерата на 37 години

Некогашниот десен бек на Металург, Дује Милјак, ја заврши играчката кариера на 37 години. Тој во Скопје настапуваше во сезоната 2010/2011 и не остави којзнае каков впечаток, но потоа имаше солидна кариера и тоа во Германија.

Кариерата ја започна во Сплит, потоа три години играше во тимот на Емсдетен од каде дојде во Автокоманда. Две години играше за Ајзенах, потоа во бундеслигашот Бергишер една година, па уште две во австрискиот Вест Виен, пред да се врати во 2016 во Ајзенах каде што ја заврши кариерата.

„На 37 години, време е за крај на кариерата. Очекувам да поминувам повеќе време со семејството. Кога ќе играм со топка, тоа ќе биде со моите деца“, вели двометрашот за „Handball-world“.

Покрај тоа што Милјак заминува во пензија, тимот на Ајзенах ќе остане и без тренерот Сеад Хасанефендиќ.