Поранешен европски шампион продава билети за виртуелен натпревар

Финансиската криза предизвикана од коронавирусот им направи многу проблеми на клубовите ширум Европа. Раководствата на многу клубови бараат оригинални решенија како да му помогнат на својот клуб.

Европскиот шампион од 2013 година, Хамбург кој сезонава се натпреваруваше во Втората Бундес лига е силно погоден од финансиската криза. За да продолжи да функционира клубот, раководството најде оригинален начин да дојде до дополнителен приход. Хамбург ќе продава билети за измислен натпреавар, а со купување на билет навивачите ќе помогнат на својот клуб. Капацитетот на салата на Хамбург е 13.000 гледачи.

„Коронавирусот е главниот ривал на Хамбург оваа сезона. За да ја обезбедиме иднината на клубот ќе организираме измислен натпревар за поддршка од навивачите. Откако коронавирусот ги уништи сите наши извори на прилив, клубот се надева на помош од навивачите. Се надеваме дека ќе биде исполнета салата на претстојниот натпревар“,  објавија од клубот.

Првенството на Германија беше прогласено за завршено, а Хамбург во тој момент беше на осмата позиција што е далеку од можност за пласман во Бундес лига. Директен пласман обезбедија првите две екипи на табелата, Кобург и Есен.