Поранешен бомбардер на Вардар и Металург од Израел се пресели во српски прволигаш

Поранешниот српски репрезентативец со големо искуство, десниот бек Александар Стојановиќ во пролетниот дел од сезоната ќе настапува за амбициозниот тим на Гоч Меркур од Врњачка Бања.

Стојановиќ во првиот дел од оваа сезона го носеше дресот на израелскиот суперлигаш Бнеи Херцлија.

Искусниот ракометар во својата кариера настапуваше за Вардар и Металург, како и за екипите на Јагодина, Кадетен Шафхаузен, Целје, Копер, Анталија, Железничар Ниш и Партизан.

За репрезентацијата на Србија настапи на Светското првенство во 2009 година, кое беше одржано во Хрватска, како и на Европското првенство во Австрија (2010).

Покрај Стојановиќ, клубот од Врњачка Бања за пролетниот дел од сезоната го ангажираше и Урош Станковиќ од Топличанин.