Пораз на стартот во Швајцарија за Гроздановска и Винтертур

Составот на Винтертур за кој настапува Симона Гроздановска, во првото коло од Првата лига на Швајцарија во женска конкуренција, загуби на гостувањето кај Нотвил со девет гола разлика, 26:35.

За време на целиот натпревар домашниот тим беше во водство и не дозволи да има изненадување, а на полувреме резултатот беше 17:14 за екипата на Нотвил.

Македонската интернационалка, Симона Гроздановска заедно со нејзината колешка, Александра Абрамовиќ беше најефикасна во екипата на Винтертур со шест погодоци.

Следен противник на Винтертур е незгодната екипа на Базел. Натпреварот е закажан за 12 септември со почеток од 16:00 часот.