Поради полицискиот час – променет терминот на натпреварот меѓу Македонија и Романија

Поради полицискиот час кој трае од 20:00 до 05:00 часот наутро, променета е саатницата на дуелот меѓу Македонија и Романија.

Овој дуел е реванш од бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Шпанија, а требаше да се игра на 21 април од 17:45 часот.

Новата саатница е 17:00 часот, а местото на одигрување ќе биде салата „Јане Сандански“ поради тоа што „Борис Трајковски“ е центар за вакцинација против Ковид-19.

Првиот дуел меѓу женските репрезентации на Романија и Македонија ќе се игра во салата „Поливалента“ во Букурешт на 17 април од 17:00 часот.