Попрво ќе играм натпревари секој ден отколку да седам дома без ракомет

Најдобриот ракометар на Хрватска во моментов и МВП на последното Европско првенство одржано во јануари, Домагој Дувњак со интересна изјава ја коментираше ситуацијата во која се наоѓаат спортистите во последните месеци.

Тој вели дека подраго би му било постојано да е на терен и да игра натпревари отколку да е во мирување и да има премногу слободно време.

„За мене, а верувам и за повеќето врвни спортисти ова е една сосема нова ситуација. Едноставно не сме навикнати да мируваме. Одеднаш добивме многу слободно време. Верувајте ми подраго би ми било секој ден да играм натпревар отколку да биде вака“, вели Дувњак.

Тој како и сите негови колеги мораше долго во карантин во домашни услови во Германија чекајќи дозвола за враќање на тренинг, а сега иако се враќаат во ритам сезоната е веќе завршена.