Поповски пак најдобар стрелец, со македонска поддршка во Цирих (ФОТО)

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, забележа нов пораз во швајцарскиот шампионат.

На домашен терен, Цирих загуби од составот на Вакер Тун со убедливи 18-28, откако и на полувреме имаше голема негатива, 6-16.

Поповски, кој имаше македонска поддршка на трибините, беше најдобар стрелец во неговиот тим.

Десното крило постигна пет голови и уште еднаш потврди дека ќе биде лидер на Цирих во оваа сезона.