Поповски најефикасен на терен, но Цирих со висок пораз кај Кадетен

Ракометарот кој со Вардар има две титули во Лигата на шампионите, Мартин Поповски одигра уште една средна на високо ниво во дресот на Цирих, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на гостувањето кај Кадетен при што беше забележан пораз од 23:32.

Цирих немаше шанси против поквалитетниот ривал, кој е лидер на табелата без пораз во досега одиграните три средби. Што се однесува до Цирих има две победи и два порази.

Мартин Поповски, на оваа средба постигна шест гола од седум обиди со кои беше најефикасен на теренот заедно со Шопер од Кадетен. Два гола Поповски ги постигна од игра, додека четири беа од линијата од седум метри каде имаше едно промашување.

Добрата форма на Поповски секако е добар знак и шанса да остане во комбинација за националниот тим кај селекторот Лазаров за Европското првенство во јануари.