Поповски лидер на теренот, Цирих го нокаутира Базел на Шпенде, Лапајне и Чагаљ

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапуваат двајцата ракометари од Македонија, Мартин Поповски и Филип Арсеновски, запиша важна победа во швајцарскиот шампионат.

Амичитија Цирих во натпревар од 24. коло славеше против незгодниот состав на Базел со осум гола разлика, 29:21.

Екс ракометарот на Вардар и Текстилец, Мартин Поповски беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа, имаше пет гол од шест обиди.

Кружниот напаѓач Филип Арсеновски не успеа да се запише во листата на стрелци, но одигра солидно во одбраната.

Во составот на Базел, двајцата поранешни членови на Металург, Јануш Лапајне и Александар Шпенде постигнаа по шест, односно два гола, додека екс членот на Охрид, Игор Чагаљ имаше пет реализации, кои беа недоволни за поволен резултат.

Клубот на Поповски и Арсеновски се наоѓа на 4. позиција на табелата со 26 бода.