Поповски и колегите од Цирих во изолација, дури 11 позитивни на Ковид 19

Екипата на Амичитија Цирих за која сезонава настапува репрезентативецот на Македонија, Мартин Поповски од денеска се наоѓа во изолација.

Причината за карантинот е во позитивните тестови кај дури 11 ракометари на тимот поради што до 25 октомври ќе бидат откажани сите нивни натпревари.

Според информациите кои се објавени на сајтот на клубот еден ракометар бил позитивен на Ковид 19 во средата наутро. Тој почувствувал благи симптоми, па бил тестиран, а после позитивниот наод на тестирање биле сите од клубот.

Денешните резултати се далеку полоши бидејќи уште десет други ракометари се позитивни на коронавирусот, а сите се во добра здравствена состојба.

Покрај 11 играчи позитивни се и уште двајца членови на персоналот, но не се познати имињата на ракометарите кои се заразени со вирусот.