Поповски и Амичитија Цирих со моќни партии во Купот, обезбедија четвртфинале

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува поранешниот ракометар на Текстилец, Пролет и Вардар, Мартин Поповски, без многу проблеми ги мина првите препреки во Купот на Швајцарија.

Во елиминациското коло, Амичитија Цирих забележа убедлива победа против Фортитудо Госау со резултат 44:21. На овој натпревар, Поповски беше меѓу главните стрелци со пет погодоци од шест упатени удари.

Амичитија Цирих имаше лесна задача и во осминафиналниот натпревар против екипата на Ваденсвил, славеше со шест гола разлика, 35:29. Поповски во победата на Цирих беше стрелец на два погодоци.

По Куп настапите, екипата на Амичитија Цирих се враќа на натпреварите од националното првенство. На 25 ноември ја очекува тежок дуел против учесникот од Лига на Европа, Кадетен Шафхаузен.