Поповски и Амичитија испаднаа од Купот на Швајцарија

Екипата на Амичитија Цирих во ефикасен натпревар претрпе пораз од составот Берн во осминафиналето од Купот на Швајцарија од 32:37 со што рано беше завршено учеството во натпреварувањето.

Берн рано успеа да направи предност која на моменти имаше и двоцифрен број на голови предност така што немаше можност за нешто повеќе.

Поповски беше играчот кој имаше забележителна партија при овој резултат. Успеа да постигне четири гола за кратко време и да дојде до шест погодоци на овој натпревар.

Сепак, ова не беше доволно за да се направи нешто повеќе на овој дуел, па сега на Амичитија Цирих и останува да се посвети на натпреварите во првенството.