Полска покажа сила – го збриша Бразил

Репрезентацијата на Полска игра во одлична форма на Светското првенство во Египет. Полјаците ја остварија втората победа откако ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 33:23 и одат во следната фаза каде што ќе пренесат два бода.

Првото полувреме претежно се играше израмнето, Полска во неколку наврати имаше предност од два или три гола. Сепак Бразилците не се предаваа и успеваа да се вратат во игра од секоја ситуација.

Морито и Гебала со пет, одностно четири гола ја водеа Полска во првото полувреме. Во финишот на првиот дел беше нерешено 11:11, но во послендата минута Полјаците постигнаа два брзи гола за водство од 13:11 на полувреме.

Во второто полувреме една екипа имаше целосна доминација на теренот. Полска во продолжението играше одлично, а Бразилците нама одговор на тоа. Многу брзо беше седум разлика, а до крајот на мечот достигна и највисоки десет гола.

Лангаро беше прв стрелец во составот на Бразил со четири гола, додека Полска до победата ја водеа Морито и Сичко со по шест гола. Во главната фаза Полска ќе пренесе два бода, а репрезентацијата на Бразил еден бод кој го оссвои против Шпанија.

19 јануари 2021
23 - 33
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 јануари 2021 21:56 ГРУПА Б 2020/2021 19.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БРАЗИЛ1123Пораз
ПОЛСКА1333Победа

БРАЗИЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Мајк Сантосголман00
2Енрике Тешеирацентрален бек01
4Жоао Силвацентрален бек10
5Гиљерме Торијанилево крило02
10Жозе Толедодесен бек23
13Рожерио Мораеспивот02
16Ранхел Да Росаголман00
19Фабио Чиуфадесно крило03
25Винициус Тешеирапивот02
30Артур Патриановацентрален бек01
33Леонардо Дутралев бек00
34Жозе Лучано-02
35Тиаго Понсианолев бек10
37Ханиел Лангаролев бек04
77Рудолф Хакбартдесно крило00
95Густаво Родригесдесен бек03
 Вкупно 423

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михал Олејничакцентрален бек02
6Пжемислав Крајевскилево крило02
7Патрик Валчакпивот02
9Симон Сичколев бек16
11Мациј Мајжинскидесен бек04
16Пјотр Вишомирскиголман00
19Јан Чуваралево крило01
20Мациј Пилитовскицентрален бек00
23Аркадиуш Моритодесен бек06
26Михал Дашекдесно крило01
28Мациј Гебалапивот15
30Рафал Пжибилскидесен бек01
36Давид Давиџикпивот01
48Томаш Гебалалев бек12
49Пјотр Чрапковскилев бек10
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 433

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА32014
2ПОЛСКА31022
3САУДИСКА АРАБИЈА30030