Полска и Валчак победнички против „зборнаја“, Аргентина го изненади Тунис

Репрезентациите учеснички на Мундијалот во Египет продолжуваат со пријателските натпревари во подготвителниот период пред почетокот на првенството.

Репрезентацијата на Полска беше поуспешна од Русија со 25:23. Полјаците имаа предност во најголемиот дел од натпреварот, а така беше и на полувреме кога водеа 12:11. До крајот на дуелот Русија не успеа да направи пресврт и да стигне до победата.

Во составот на Полска настапи пикерот на Вардар, Патрик Валчак кој успеа да постигне еден гол, а прв стрелец беше Аркадиуш Морито со пет гола. Во репрезентацијата на Русија прв стрелец беше Житников со осум погодоци.

Репрезентацијата на Шпанија триумфираше против Катар 28:26 откако на претходниот дуел против Тунис не успеа да победи. И по првото полувреме Шпанија имаше минимална предност 13:12 која ја задржа до крај.

Репрезентативците на Чешка силите ги одмерија со противник кој не учествува на Светското првентво. Чесите ја совладаа репрезентацијата на Словачка 28:21. Првиот дел беше доста израмнет и заврши без предност на една од екипите 9:9.

Аргентина ја изненади репрезентацијата на Тунис и победи со 28:27, а јужноамериканската репрезентација имаше водство на полувреме од два гола 14:12. Во продолжението Тунис не успеа да извлече позитивен резултат.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ, РЕЗУЛТАТИ:

ТУНИС – АРГЕНТИНА 27:28 (12:14)
КАТАР – ШПАНИЈА 26:28 (12:13)
СЛОВАЧКА – ЧЕШКА 21:28 (9:9)
ПОЛСКА – РУСИЈА 25:23 (12:11)