Пола тим позитивен на корона, натпреварот од Лига на Европа под прашалник

На неполн месец до одигрувањето на првите натпревари од Лигата на Европа еден од дуелите се наоѓа во неизвесност и под голем знак прашалник бидејќи дури шест играчи на составот на Фиверс Ват Маргаретен од Австрија се заболени од коронавирусот.

Пред неколку дена двајца ракометари на овој клуб беа позитивни при тестирањето, а при правењето на повторен тест уште четворица се најдоа на листата. Со ова домашниот карантин во тимот е продолжен, а пријателските средби во август се одложени.

Поради ваквата ситуација во неизвесност се дуелите со Бенфика во 1. коло од Лигата на Европа. Останува прашање дали ќе има можност истите да бидат одиграни, па ќе биде интересно да се види што ќе се случи доколку од Фиверс не можат да настапат. Тогаш на потег ќе биде ЕХФ да донесе некоја одлука и да покаже како ќе се решаваат и слични ситуации во иднина.