Покрај Лекиќ, Пино и Раичевиќ, тешко се добива минутажа – ќе си ја побара среќата во Крим

Откако реши да игра за репрезентацијата на Црна Гора, некогашната хрватска репрезентативка Матеа Плетикосиќ си замина од тимот на Будуќност.

22-годишната ракометарка, заминува од црногорскиот шампион по пет сезони, а нејзин нов клуб би требало да биде словенечкиот Крим.

Во Будуќност покрај Андреа Лекиќ, Алисон Пино и Милена Раичевиќ, младиот среден бек немаше да добие минутажа, па среќата ќе си ја проба во Словенија.

Крим нема директно место во новата сезона од Лигата на шампионите, но многу е веројатно дека ќе добие вајлд-карта.