Познат поширокиот список пред Данска, многу млади играчи добиваат шанса

Новиот селектор на Македонија, Кирил Лазаров денеска ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за натпреварите против Данска на почетокот на март.

Во играчкиот кадар изненадување е враќањето на Филип Миркуловски, но тој неколкупати изјави дека е подготвен секогаш да и помогне на Македонија, а сега тоа го покажува и на дело.

Се враќаат и Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, кои не беа дел од последниот Мундијал, а од играчите кои имаат играно во последната деценија тука е комплетната пивотменска тројка Стоилов, Пешевски и Маркоски, како и голманот Никола Митревски.

Има голем број на млади ракометари кои се дел од младинската и кадетската селекција на Македонија кои добиваат своја шанса и ова ќе биде уште подмладена репрезентација, но со доволно искусни лидери на теренот.

Миркуловски и Лазаров ќе имаат двојна улога бидејќи тие се дел и од стручниот штаб и од играчкиот кадар.

Македонија ќе ја пречека Данска на 11 март во Скопје, а ќе гостува во Алборг три дена подоцна.

ПОШИРОК СПИСОК

ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Порто, Португалија), Мартин Томовски (Лудвигсхафен, Германија), Марко Кизиќ (Вардар), Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер), Андреј Петковски (ГА КЛ 7).

ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Димитар Димитриоски (Вардар).

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски (Вардар), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Мартин Поповски (Амичитија Цирих, Швајцарија).

ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Штутгарт, Германија), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Михаил Аларов (Пролет), Кристијан Симоноски (ГА КЛ 7).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Вардар), Филип Кузмановски (Хановер, Германија), Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓорговски (ГА КЛ 7), Михајло Младеновиќ (Охрид).

ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски (Вецлар, Германија), Марко Мишевски (Вардар), Горан Крстевски (Фочани, Романија), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Игор Георгиев (ГА КЛ 7), Мартин Иваноски (Охрид), Томче Стојановски (Бутел Скопје), Никола Цветаноски (Струга), Мартин Карапалевски (Вардар).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург), Кирил Лазаров (Нант, Франција).