Познат пласманот од 9 до 32 место на младинскиот Мундијал – Словенија најголемо разочарување!

На Светското младинско првенство во Грција и Германија некои репрезентации не ги остварија своите цели и завршија без пласман во четвртфиналето, како Шпанија, Франција и Шведска, додека Словенија од која се очекуваше да направи изненадување, потфрли уште во групната фаза и младинскиот Мундијал го заврши на 20. позиција.

Шпанија во натпревар со вкупно 78 постигнати погодоци славеше над Франција со 42:36 и заврши на деветтото место.

По шпанската репрезентација следуваат Египет, Франција, Шведска, Бахреин, Тунис, Грција, Бразил, Полска, Норвешка, Јапонија, Словенија…

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат дуелите за пласман од 5 до 8 место, како и двете полуфиналина, додека распределбата на медалите ќе биде во недела.

Репрезентацијата на Србија во полуфиналето ќе игра против Германија, додека Исланд ќе се соочи со Унгарија.

Конечен пласман (9-32 место)

  1. ШПАНИЈА
  2. ЕГИПЕТ
  3. ФРАНЦИЈА
  4. ШВЕДСКА
  5. БАХРЕИН
  6. ТУНИС
  7. ГРЦИЈА
  8. БРАЗИЛ
  9. ПОЛСКА
  10. НОРВЕШКА
  11. ЈАПОНИЈА
  12. СЛОВЕНИЈА
  13. САУДИСКА АРАБИЈА
  14. АЛЖИР
  15. МАРОКО
  16. КУВАЈТ
  17. АРГЕНТИНА
  18. АНГОЛА
  19. САД
  20. КУБА
  21. ЧИЛЕ
  22. ЛИБИЈА
  23. КОСТАРИКА
  24. ГРЕНЛАНД