Познат изгледот на Суперлигата – еве кои екипи ќе играат во елитното друштво

Со одигрувањето на бараж натпреварот меѓу Радовиш и Шампион, се спушти завесата на ракометната сезона кога се работи за сениорска конкуренција.

Следната сезона Суперлигата ќе брои 12 екипи, а веќе е познат изгледот на елитното друштво. Се враќа стариот систем и ќе играат секој со секого, за разлика од оваа сезона, кога во регуларниот дел имаше 14 екипи поделени во две групи.

Во Суперлигата ќе играат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Охрид, Струга, Скопје, Тиквеш, Прилеп, Радовиш и Пролет.

Има пет екипи од Скопје, две од Битола и по една од Охрид, Струга, Кавадарци, Прилеп и Радовиш. Од сезоната 2022/23, во елитното друштво ќе играат само десет екипи, па од септември не чекаат интересни суперлигашки битки.