Познат е составот на Норвешка за дуелот против Македонија на СП (ФОТО)

Норвешката ракометна асоцијација го објави конечниот список на играчи за настап на Светското првенство во Хрватска.

Кадетската репрезентација на Норвешка, која е еден од ривалите на Македонија, на Мундијалот ќе патува со само 16 играчи.

Сите избрани ракометари настапуваат во Норвешка, поточно во екипите на Халсум, Наербо, Ставангер, Фјелхамер…

Норвешка на Мундијалот за ривали во групната фаза ги има и репрезентациите на Грузија и Црна Гора.

Светското првенство во Хрватска ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август.