Познат возниот ред на кадетите во Летонија – со пет натпревари до место на ЕП и СП!

Машката кадетска репрезентација на Македонија во август, во главниот град на Летонија, ќе биде дел од ЕХФ шампионатот.

Во Рига, избраниците на Раде Стојановиќ, ќе играат во групата А, заедно со домаќинот, Турција и Косово. Во групата Б по исклучувањето на Русија, ќе бидат Швајцарија, Луксембург и Белгија.

Со пласман во финалето, односно со освојување на овој турнир, кадетите ќе обезбедат место на ЕП 2024 година и за кадети и за младинци, како и на СП 2023 за кадети.

Од 2024 година, Европските првенства ќе имаат по 24 учесници, па Македонија и без да обезбеди пласман преку ЕХФ шампионатот, веројатно ќе добијат директно место, но тоа не значи дека мотивот и амбициите на кадетите треба да бидат помали од трофеј во Летонија.

Европската ракометна федерација го потврди распоредот, па прв ривал ќе ни биде Турција, а на крајот ќе се соочиме со Летонија.

ЕХФ шампионат, Летонија, распоред на натревари:

8/8, 13:00 часот, Македонија – Турција
9/8, 13:00 часот, Македонија – Косово
11/8, 15:00 часот, Македонија – Летонија
13/8, меч за пласман
14/8, меч за пласман