Познато е кој ќе го суди „мечот на деценијата“

Денеска ќе се одигра ревијалниот натпревар меѓу поранешните и сегашните ракометни репрезентативци, а љубителите на ракометот ќе имаат уникатна можност на едно место да ги видат сите ѕвезди на машкиот македонски ракомет.

Судии на овој натпревар ќе бидат две двојки. Една поранешна машка, а една актуелна женска двојка

Станува збор за Марјан и Драган Начевски, кои имаа одлична кариера, и Лела Јашар  Михаела Капсарева, кои напредуваат со крупни чекори.

Натпреварот ќе се игра со два полувремиња по петнаесетина минути, а ќе продефилираат имиња кои ја одбележаа генерацијата од СП 2009 и ЕП 2012 и веќе не се активни на терените.

Селектори на репрезентацијата на ветерани ќе бидат Звонко Шундовски и Илија Темелковски, тренери за кои се врзани најголемите успеси на машкиот репрезентативен ракомет.

Мечот ќе биде од хуманитарен карактер, ќе има и музика за комплетно шоу, а ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.