Познато е кој ќе го води Вардар против Охрид – „црвено-црните“ без Њокаси, Кудуз, Стоилов, Томовски…!

Откако денеска стана јасно дека Веселин Вујовиќ не е повеќе предводник на актуелниот шампион Вардар, познато е кој ќе го води тимот на мечот против Охрид.

Тоа ќе бидат неговите асистенти Владо Недановски и Стојан Петрушевски, а во тимот останува и тренерот на голманите, Александар Рогановиќ.

Во ростерот на Вардар за дуелот против Охрид ќе има само 14 ракометари. Поради правилата за странци ги нема Чувара, Валчак и Сафар, но забележливо е отсуството на француското трио – браќата Њокас и Диало, како и капитенот Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Охрид се игра вечерва од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.