Познато е кога непоразените Алкалоид и Голден Арт ќе ги вкрстат копјата

Двата прволигашки тима кои досега во текот на сезоната немаат пораз – Алкалоид и Голден Арт, ќе се соочат во дерби натпревар.

Осмото коло од прволигашката конкуренција е на програмата претстојниот викенд, но од Алкалоид има ракометари што се дел од националниот тим, па овој дуел не може да се игра в сабота или недела.

Терминот за натпреварот кој со нетрпение го чека ракометната јавност е 11 ноември со почеток во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Овој дуел е важен и за двете екипи кои имаат по седум победи досега, бидејќи бодовите од регуларниот дел се пренесуваат во плеј-офот што ќе се игра напролет.