Променет терминот на првата средба во Скопје, познато е кога Металург ќе гостува во Винковци

Хрватскиот тим Спачва Винковци го одреди терминот за реванш натпреварот против Металург од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Тимот од Автокоманда ќе го бара пласманот во второто коло на 5 септември, на натпреварот што ќе започне од 19:30 часот.

Првата средба меѓу овие две екипи е закажана за 29 август, со почеток од 19:00 часот во салата во Автокоманда.

Претходно беше одреден треминот в недела на 30 август, но од хрватскиот тим побарале да се игра в сабота поради авионските конекции, а Металург им излезе во пресрет.

Ако Металург обезбеди место во второто квалификациско коло, ќе биде носител пред ждрепката.